Блиски Исток

Државниот секретар на САД во посета на Израел

24.10.2025 10:37

Вашингтон се противи на одлуките на Кнесетот и предупредува дека ќе го загрозат постигнатото примирје во Газа. Во Израел допатува американскиот државен секретар Рубио...

Израел ќе ја изгуби поддршката од САД ако го анектира Западен Брег, предупреди американскиот претседател. Вашингтон се противи на одлуките на Кнесетот и предупредува дека ќе го загрозат постигнатото примирје во Газа. Во Израел допатува американскиот државен секретар Рубио.

„Имаме уште работа пред нас, но се чувствуваме многу позитивно во врска со тоа. Напредуваме добро. Неверојатно е што за само седум или осум дена се воспоставени работите и системите. Веќе еднаш го направивме невозможното и имаме намера да продолжиме да го правиме тоа, и можеме, имаме добри партнери на кои работиме“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.

Договорот, кој стапи на сила на 10 октомври и се базира на мировниот план на Трамп, беше загрозен по смртоносното насилство во Газа и меѓусебните обвинувања од страна на Израел и Хамас за негово кршење.