Унгарија

Граѓани излегоа на улиците на Будимпешта во знак на поддршка на Мазар

24.10.2025 11:14

Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Будимпешта во знак на поддршка на опозицискиот политичар Петер Мазар, лидер на либерално-конзервативната партија „Тиса“...

Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Будимпешта во знак на поддршка на опозицискиот политичар Петер Мазар, лидер на либерално-конзервативната партија „Тиса“. Масовниот протест, наречен „национален марш“, се одржа на државниот празник со кој Унгарија ја одбележува годишнината од антикомунистичкото востание од 1956 година – симболичен момент на кој Мазар ја почна изборната кампања.

Во говорот, го обвини Орбан дека е најверниот сојузник на Путин. Истовремено, премиерот одржа митинг пред парламентот, кој го нарече „марш на мирот“. Во говорот ја критикуваше Европската унија за политиката кон Украина и го обвини својот противник дека сака да ја вовлече Унгарија во војна.

Според најновите анкети, Мазар има реални шанси да му се спротивстави на актуелниот премиер Орбан на парламентарните избори во април 2026 година.