Кривичен суд

Одложено судењето на Фатон Љјури кој со мотор го усмрти Југослав Николовски

24.10.2025 12:25

Љјури кој со мотор го усмрти 68-годишниот пензионер Југослав Николовски на пешачки премин на кеј во Скопје беше одложено. Судот неспоредно пред рочиштето беше известен дека обвинетиот не е во состојба да присуствува оти има стомачен вирус и морал да прима инфузија...

Судењето на Фатон Љјури кој со мотор го усмрти 68-годишниот пензионер Југослав Николовски на пешачки премин на кеј во Скопје беше одложено. Судот неспоредно пред рочиштето беше известен дека обвинетиот не е во состојба да присуствува оти има стомачен вирус и морал да прима инфузија.

25-годишниот скопјанец Фатон Љјури кој призна вина дека го прегазил Николовски на пешачки премин, но не и дека избегал од местото на настанот, преку својата адвокатката ќе достави психијатриско вештачење за наредното рочиште. Обвинет е за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за кривично дело неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна несреќа.

Обвинетиот на 1 јули оваа година, со мотор „Кавасаки“ возејќи на пешачка патека без дозвола го прегази пешакот Југослав Николовски и заедно со неговиот повреден сопатник го напуштил местото. Поради фактот дека и претходно е осудуван, судот му изрече мерка да биде во притвор.