Локални избори 2025

Решавање на проблемот со сметот во Скопје, една од главните заложби на Мециновиќ

24.10.2025 17:22

Решавање на проблемот со сметот во Скопје е една од главните заложби на кандидатот за градоначалник од „Левица“. Амар Мециновиќ рече дека ако ја добие поддршката и застане на челната позиција во градот, ваквата слика ќе стане минато, оти како што вели, граѓаните заслужуваат да живеат чиста и здрава животна средина...

Решавање на проблемот со сметот во Скопје е една од главните заложби на кандидатот за градоначалник од „Левица“. Амар Мециновиќ рече дека ако ја добие поддршката и застане на челната позиција во градот, ваквата слика ќе стане минато, оти како што вели, граѓаните заслужуваат да живеат чиста и здрава животна средина.

„Ние сметаме дека независно кој ќе ја добие поддршката за Скопје, веднаш треба да почне со санирање на сметот. Ги повикувам сите градоначалници кои победија во прв круг или се во втор круг, да бидат подготвени веднаш по изборите заедно да започнеме со чистење и санирање на состојбите во КХС“, изјави Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица.

Мециновиќ вели оти сликата во главниот град е далеку од добра, и дека најмногу страдаат граѓаните поради лошиот однос на актуелната градоначалничка Данела Арсовска со партијата која ја поддржала.

Политичките суети не смеат да имаат место во работата на градоначалниците, додава Мециновиќ, оти како што кажа, ние сме мала држава за да имаме ваква лоша политика. Градоначалниците, додава, се бираат за да ги претставуваат интересите на сите.

 

Борис Грујоски