Локални избори 2025

Реџепи: Економскиот раст е меѓу првите приоритети во нашата програма

24.10.2025 17:41

„Развојот на Попова Шапка е главниот проект што го сметаме за двигател на растот на тетовската економија, бидејќи во моментов целата индустрија е во застој и нема економски раст“, вели Реџепи, кандидат на НАИ за градоначалник на Тетово...

Во нашата програма, економскиот раст е меѓу првите приоритети, а проектите се точно дефинирани како тоа да го постигнеме, вели Бајрам Реџепи, кандидат на НАИ за градоначалник на Тетово.

„Развојот на Попова Шапка е главниот проект што го сметаме за двигател на растот на тетовската економија, бидејќи во моментов целата индустрија е во застој и нема економски раст“, вели Реџепи.

Реџепи вели дека ако ја добие довербата од гласачите ќе донесе нов генерален урбанистички план.

Младите ќе бидат во фокусот на идното менаџирање на општина Тетово.

Александра Спировска