Стигна првата оценка од ЕУ - локалните избори се конкурентни
Европската унија го поздравува тоа што беа конкурентни и што основните слободи во голема мера беа почитувани. Но, овие избори не се очекува да донесат предвремени парламентарни, сметаат експертите...

Европската унија со првична оценка за локалните избори. Конкурентни, во голема мера биле почитувани основните слободи, иако се одржале во високо поларизиран политички амбиент со некои процедурални недостатоци. Портпаролот на Европската комисија за проширување, Гијом Мерсие, ја охрабрува земјата да ги адресира сите препораки на ОДИХР вклучително и измената на изборниот законик.
До гласањето во вториот круг остануваат уште 8 дена. Во реториката на партиите се поактуелна темата за одржување на предвремени парламентарни избори. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски со став оти минимален е притисокот за нивно одржување затоа што има мала разлика во гласовите меѓу најголемите партии од албанскиот политички блок.
Топката сега е на страната на Мицкоски, СДСМ се лаже со предвремени парламентарни избори – смета аналитичарот Љуљзим Фаризи. Вели бројките од првиот круг диктираат дека кога и да се случат предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ може да биде апсолутен победник.
Фаризи очекува по гласањето на 2-ри ноември да се зголеми владејачкото мнозинство во парламентот.
Викторија Милевска
