Рубио: Безбедносните сили во Појасот Газа ќе бидат составени од земји за кои Израел нема да има забелешки
Американскиот државен секретар кој пристигна во Израел на разговори за продолжување на мировниот план, мировните напори на администрацијата на Трамп за Блискиот Исток ги нарече „историски и извонредни“. Вети дека останките на заложниците ќе бидат вратени...

Американскиот државен секретар кој пристигна во Израел на разговори за продолжување на мировниот план, порача дека безбедносните сили во Појасот Газа ќе бидат составени од земји за кои Израел нема да има забелешки. Рубио вети дека останките на заложниците ќе бидат вратени. Мировните напори на администрацијата на Трамп за Блискиот Исток ги нарече „историски и извонредни“.
„Ќе биде потребна многу работа во идниот временски период. Напредокот што е постигнат за две недели е историски и извонреден. Ќе ја промени безбедноста на Израел на долг рок. Ние сме посветени секоја од точките во планот да се исполни, но нема да биде лесно патување. Ќе има пречки по патот, но мора да го направиме да функционира. Ако безбедноста на Израел е загрозена нема да има мир. Секој го знае тоа“, изјави американскиот државен секретар, Марко Рубио.
Во меѓувреме, Израел нападна складишта на Хезболах во Либан каде загинаа четворица цивили. Од СЗО, ситуацијата со помошта за Газа ја оценуваат како катастрофална и покрај прекинот на огнот.
