Семејно насилство

Зголемен бројот на случаи на семејно насилство во Прилеп

25.10.2025 11:34

Во Прилеп е зголемен бројот на случаи на семејно насилство. Дали е во прашање почестото пријавување? Потребни се меѓуинституционална поддршка, психолошка помош и економско зајакнување на жената...

За 10 месеци во Прилеп се пријавени жртви на семејно насилство колку за целата година лани. Досега се евидентирани 86, а лани, до декември, биле 88. Бројките се зголемуваат, главно се жените, но не се изоставени ниту децата.

Психолозите не се согласуваат дека почесто се пријавува насилството во домот. Жртвите повеќе се советуваат отколку што го напуштаат насилниот дом. Им треба меѓуинституционална поддршка.

За храбро да се пријави семеен насилник е потребно и економско зајакнување на жената.

Од прилепскиот Центар за социјални работи ги охрабруваат жртвите на семејно и родово базирано насилство да пријавуваат, ќе ја добијат помошта.

Елизабета Митреска