Труење во Драчево

Уште двајца побарале помош на инфективна

31.08.2014 18:12

И новите заболени откриле дека јаделе сендвичи од иста сендвичарница и ги имале истите симптоми со останатите затруени...

Уште две лица во текот на вчерашниот ден побарале лекарска помош на Инфективната клиника кои биле со симптоми на труење. Станува збор за деца на 3-годишна и 17-годишна возраст. И новите заболени откриле дека јаделе сендвичи од иста сендвичарница и ги имале истите симптоми со останатите затруени. Првичните претпоставки се дека се работи за труење со салмонела, бидејќи сите заболени ги имале симптомите на таа бактериска цревна инфекција велат  од клиниката. Бројот на затруени од сендвичарата во Драчево во овие два дена се искачи на 39. Од нив, 12 се хоспитализирани, а останатите се пуштени на домашно лекување.

„Сите они се стабилни, Меѓутоа сите се примени со една изразено тешка клиничка слика за една акутна цревна, која по сите клинички параметри кои се направени, оние основни лабараториски и биохемиски, кои сугерираат по својот тек и анализите на една бактериска инфекција. Сите беа високо фербилни, со голем број на столици, повраќања, дихедрирани, така да бараа хоспитализација, а и голем дел од пацинетите кои не се примени, во текот на овие денови поминуваат во нашата дневна болница, добиваат терапија и си одат дома. Засега бројот е поголем од оние кои се хоспитализирани“, рече д-р Снежана Стојковска  од Инфективна клиника.

Првиот пациент бил примен ноќта меѓу вторник и среда. Најмладиот кој побарал помош на Инфективна има 4 години а најстариот од затруените е 30 години. Првичните претпоставки се дека сите имаат бактериска цревна инфекција, но се чекаат резултатите од ИЈЗ за дефинитивно лоцирање на причинителот. Сендвичарницата е затворена.

Дијана Ценевска