Локални избори 2025

Решавање на сообраќајниот хаос во Тетово, најави кандидатот од НАИ, Реџепи

25.10.2025 17:33

Кандидатот за градоначалник на Тетово од Националната алијанса за интеграција, Бајрам Реџепи, вели дека има решение како да се надмине сообраќајниот хаос во градот. Тој предлага, дислокација на сите институции од центарот на Тетово и создавање административен град кај сегашната касарна...

Решавање на сообраќајниот хаос во Тетово, најави Бајрам Реџепи, кандидат за градоначалник од НАИ. Во програмата дефинирано е и како ќе се реши проблемот со паркирањето, се планираат 7-катни гаражи и дислокација на сите институции од центарот на градот, најави Реџепи.

Стратегија и за решавање на проблемот со депониите. Реџепи најави дека Тетово ќе биде чист град, со инспектори на терен и со места каде ќе можат граѓаните да го носат сметот, а ќе бидат отстранети и сите диви депонии. Во програмата е дефинирано и како ќе се реши проблемот со водата, ветува дека 24 часа ќе има вода и градот нема да има проблем со водоснабдување.

 

Ана Јосифоска