Дербито за Вардар!

31.08.2014 20:22

Вардар го доби дербито со Металург со убедливи 4-1 во шестото коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Црвено – црните експлодираа на стадионот во Ѓорче Петров и рано дојдоа до водство од 2-0. Асани во седмата и Грнчаров во 11-тата минута ја погодија противничката мрежа. Металурзите вратија преку Миле Крстев кој во 27-та минута постигна прекрасен гол од слободен удар.

Во вториот дел, сепак, вардарци доминираа со уште два гола преку Гроздановски и Ивановски за потврда на првото место на табелата во нашата најквалитетна фудбалска конкуренција. Ренова во Тетово ја совлада Брегалница со 2-1, а стрелци беа Јусуфи и Емини. За штипскиот состав погоди Мишев.

Во Кратово Силекс и Пелистер одиграа нерешено 1-1. Битолчани поведоа преку Марковски, а Силекс израмни со голот на Јанев. Вчера Работнички ја победи Шкендија со 3-2, а колото утре ќе го заокружат Тетекс и Турново.

***

Прва лига фудбал, 6.коло:

Металург – Вардар 1-4

Ренова – Брегалница 2-1

Силекс – Пелистер 1-1

Работнички – Шкендија 3-2

Тетекс – Турново (утре)

***

Табела:

1.Вардар 14

2.Силекс 12

3.Металург 11

4.Пелистер 10

5.Шкендија 8

6.Ренова 8

7.Работнички 7

8.Турново 4

9.Брегалница 3

10.Тетекс 2