Локални избори 2025

Имаме програма за решавање на проблемите на нашите сограѓани, рече Касами

25.10.2025 17:42

Во програмата имам проекти за секое населено место и затоа, очекуваме уште подобар резултат во вториот круг и победа, рече Касами...

Од центарот на Тетово заедно со мојот тим ја продолжуваме кампањата за вториот круг од локалните избори. Докажавме дека имаме програма за решавање на проблемите на нашите сограѓани, рече кандидатот за градоначалник од редовите на „Вреди“, Биљал Касами. 

Тој вели, како и досега ќе биде градоначалник на сите, без разлика на етничката, верската или партиската припадност.

Во програмата имам проекти за секое населено место и затоа, очекуваме уште подобар резултат во вториот круг и победа, рече Касами.

 

Наташа Гркова-Петрушевска