Македонија

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

25.10.2025 15:38

Македонија преминува на зимско сметање на времето. Часовниците ќе се вратат еден час наназад, односно на 2 часот, а овој ден ќе биде еден час подолг од останатите во годината...

Ноќва 26 октомври, во 3 часот по полноќ, Македонија преминува на зимско сметање на времето. Часовниците ќе се вратат еден час наназад, односно на 2 часот, а овој ден ќе биде еден час подолг од останатите во годината.

Со оваа промена, утрата ќе станат посветли, но затоа попладне ќе се стемнува порано. Зимското сметање на времето секоја година започнува во последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд од март, кога повторно започнува летното сметање и часовниците се поместуваат еден час напред.

Зимското сметање на времето ќе трае до март 2026 година, кога повторно ќе се вратиме на летно сметање.