Вардаров печат на дербито

31.08.2014 20:24

Дуелот меѓу Металург и Вардар го оправда епитетот на дерби на 6-то коло. По заслуга на Вардар, чии фудбалери  го надиграа конкурентот на табелата со 4:1. Вардар многу мотивирано влезе во натпреварот со секогаш незгодниот сосед од „Железарница“. Првиот удар му го зададе во 7-та минута со голот на Асани. Во 11-та минута Металург одново се најде во „нок-даун“ откако по првиот корнер Грнчаров се извиши и стрелаше прецизно за 2:0 за Вардар.

Дуелот меѓу Металург и Вардар го оправда епитетот на дерби на 6-то коло. По заслуга на Вардар, чии фудбалери  го надиграа конкурентот на табелата со 4:1. Вардар многу мотивирано влезе во натпреварот со секогаш незгодниот сосед од „Железарница“. Првиот удар му го зададе во 7-та минута со голот на Асани. Во 11-та минута Металург одново се најде во „нок-даун“ откако по првиот корнер Грнчаров се извиши и стрелаше прецизно за 2:0 за Вардар. Агонијата на Металург траеше до 27-та минута, кога Крстев имаше мајсторска реализација на слободниот удар од дваесетина метри.Тоа беше момент на надеж за домаќинот-гостин на стадионот во Ѓорче Петров. Но, Вардар сувереноста ја потврди со гол на Влатко Гроздановски во 65-та минута за 3:1. Круна на дербито беше акцијата во три потега со реализација на Ивановски за 4:1. Вардар ја извојува првата победа како гостин во меѓусебните дуели против Металург за зацврстување на лидерската позиција на табелата.

Силекс е единствениот тим заедно со Вардар без пораз во првите 6 кола од првенството. Среќно, во 95-та минута Кратовчани спасуваа бод против Пелистер со конечни 1:1. Ренова и го нанесе петтиот пораз на Брегалница, совладувајќи ја со 2:1. Вчера, Работнички ја совлада Шкендија со 3:2. Утре колото го „затвораат“ Тетекс и Хоризонт.

Прва лига: 6 коло

Работнички-Шкендија 3:2

Металург-Вардар 1:4

Силекс-Пелистер 1:1

Ренова-Брегалница 2:1

Утре: Тетекс- Хоризонт 17.00 часот

Табела:

1.Вардар         14

2.Силекс         12

3.Металург     11

4.Пелистер     10

5.Шкендија      8

6.Ренова           8

7.Работнички  7

8.Хоризонт       4 (-1)

9.Брегалница   3

10.Тетекс          2 (-1)