Партиите ја продолжуваат изборната трка во вториот круг
Партиите од власта кои учествуваат на локалните ја продолжуваат изборната трка пред соочувањето со противкандидатите во вториот круг....

Партиите од власта кои учествуваат на локалните ја продолжуваат изборната трка пред соочувањето со противкандидатите во вториот круг. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска со митинзи во Лозово, Росоман, Демир Капија и Неготино. Лидерот на коалицијата, Христијан Мицкоски вели – граѓаните во првиот круг гласаа за Македонија, во вториот круг да излезат уште помасовно.
„Очекувам дека на крајот од овие избори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат 59 градоначалници, во 58 општини коалицијата победи и на советничките листи, обезбедувајќи мнозинство во советите“, изјави Мицкоски.
И тој и кандидатите за градоначалници од оваа партија велат дека е потребно, граѓаните да го изберат патот на развој и напредок и да не дозволат назадување на локалните самоуправи. Кампањата во вториот изборен круг ја продолжуваат и кандидатите за градоначалници на Центар и Куманово од редовите на „Знам“, Мирослав Лабудовиќ и Максим Димитриевски. Изборната трка ја продолжува и коалицијата „Вреди“, која по првиот круг успеа да ги освои Чаир, Сарај, Арачиново. Нивните кандидати за градоначалници бараат поддршка од граѓаните во неколку општини во вториот круг, меѓу кои е и Тетово, каде довербата ја бара Биљал Касами.
