Локални избори 2025
Кампања на кандидатите за градоначалници од „Знам“
25.10.2025 18:06
Ќе го зачуваме духот и архитектонски карактер на објектите, но, ќе дадеме нова енергија на просторот“, вели Лабудовиќ. Кандидатот Димитриевски, пак, очекува поддршка од сите кумановци...

Кандидатот за градоначалник на Центар од „Знам“, Мирослав Лабудовиќ вети дека ако стане градоначалник ќе се зафати со целосна обнова на фасадите во општината.
„Преку грантови од општината ќе ги реконструираме фасадите на сите згради и ќе ги направиме енергетски ефикасни. Ќе го зачуваме духот и архитектонски карактер на објектите, но, ќе дадеме нова енергија на просторот“, вели Лабудовиќ. Кандидатот Димитриевски, пак, очекува поддршка од сите кумановци.
Андријана Ѓурческа
