ИН МЕМОРИАМ

Почина политичкиот аналитичар, Агим Јонуз

25.10.2025 20:24

Попладнево во Скопје на 63-годишна возраст почина политичкиот аналитичар, колумнист и поранешен портпарол на владата, Агим Јонуз.

По кратко и тешко боледување, попладнево во Скопје на 63-годишна возраст почина политичкиот аналитичар, колумнист и поранешен портпарол на владата, Агим Јонуз.

Тој беше активен во политичкиот живот во земјава, му беше советник на поранешниот претседател на Собранието, Љупчо Јордановски, како и на поранешниот премиер Владо Бучковски.

Јонуз како аналитичар беше чест гостин во политичките дебатни емисии, каде своите ставови ги кажуваше отворено и директно, и се залагаше за соживот и просперитет на државата. Неговиот погреб ќе се изврши утре на гробиштата во Бутел.