МЖСПП: Нема истекување на линдан во ОХИС
Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека нема никакво истекување на линданот во ОХИС, а истовремено континуирано го спроведува процесот на чистење...

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека нема никакво истекување на линданот во ОХИС, а истовремено континуирано го спроведува процесот на чистење.
Од министерството посочија дека континуирано работат на решавање на еден од најголемите еколошки предизвици, во средата, во вечерните часови, бил спроведен вонреден инспекциски надзор, при што било утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан или какви било други нарушувања на безбедноста во локацијата на ОХИС.
Покрај активно што работеле на чистење на малиот линдански лот, паралелно работеле на изнаоѓање на одржливи решенија за отпочнување на чистењето и на големиот лот, кој е следна приоритетна фаза во процесот.
