Сеха лига

Вардар продолжи да победува во Нови Сад

31.08.2014 20:25

Вардар триумфално ја отвори одбраната на титулата во Сеха лигата на местото каде што лано го подигна вториот трофеј во оваа конкуренција.

Во Нови Сад совладана е Војводина со 26-21,  наизглед убедливо, но не така лесно како што се очекуваше.

Аутсајдерот го доби првиот дел откако вардарци за 13 минути поведоа со 6-1, но во наредните 8 минути ја прокоцкаа предноста. Новосаѓани изедначија и возвратија со полетна игра без комплекси од звучните имиња и го добија првото полувреме со 12-10.

Во вториот дел истрча нов Вардар, со драстично поинаков пристап во играта и жар на теренот.Со цврста одбрана и рационален и ефикасен напад, за 11 минути со серија од 8-1 црвено-црните го решија прашањето на победникот.

Максималната предност ја достигнаа на девет минути пред крајот кога беше  23-16, и до крајот успеаја смирено и рутинирано да ја сочуваат за прва победа во Сеха лигата.

Брумен беше најефикасен во нашиот тим со 6 гола и со подршка од  Карачич и Дибиров кој додадоа уште по 4.

Голманот Перовиќ со 13 одбрани и Грузиецот Датакашвили со 5 гола беа најистакнати поединци во екипата на Војводина.