Поместувањето на стрелките влијае и на здравјето
Почна зимското сметање на времето. Стрелките се помести за еден час назад. Иако е обезбеден уште еден час сон, промената може да влијае врз менталното здравје, особено врз расположението.

Стрелките на часовникот повторно се поместија. Овој пат за еден час назад. Започна зимското сметање на времето. Промената од три во два часот по полноќ, ќе донесе порано стемнување, но и разденување. Мислењата за промена на времето од зимско во летно, сè уште остануваат поделени. За дел од граѓаните влијае негативно врз биоритамот, продуктивноста, здравјето, расположението, проблеми со спиењето. Други пак велат не се нарушува квалитетот на живот. Потенцираат за кратко време се навикнуваат на промената.
„Нема никаква промена времето е тоа, сега периодот од летен во зимски еден час е подолго. Треба ли да има поместување? За мене е исто дали ќе биде еден час помалку или повеќе, не значи многу“, вели еден граѓанин.
Според здравствените работници промената од летно во зимско сметање на времето има помали здравствени последици. Се обезбеди уште еден час безгрижен сон. Но сепак потврдуваат можни се влијанија врз менталното здравје кај луѓето, расположението бидејќи се скратува денот.
„Населението не е под аларм во недела, повеќето не работат, тоа е добро затоа што нема одредено влијание врз денот, дали ќе им биде скратен или продолжен за еден час. Влијанието на часовникот повеќе влијае во оној период кога се враќа еден час помалку, помалку спиење и тогаш на организмот му приредува повеќе стрес. Влијание има скратување на денот, сончевите зраци се намалуваат би препорачал внесување на чести дози на витамин Д секојдневно“, вели Дарко Каранфиловски, д-р по општа медицина Ургентен центар Куманово.
Во Македонија важи средноевропското зонско време.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последната седмица во март следната година, кога повторно настапува летното сметање.
Зимското сметање го применуваат поголем дел од државите на Европскиот континент.
Елена Георгиевска
