Уште една недела до гласањето во вториот круг од локалните избори
Се интензивираат предизборните активности, средби со граѓани, мини митинзи во 32 општини и во град Скопје...

Уште една недела до гласањето во вториот круг од осмите локални избори. Се интензивираат предизборните активности, средби со граѓани, мини митинзи во 32 општини и во град Скопје.
Се погласни стануваат и препукувањата меѓу противкандидатите, но и ставовите на лидерите на политичките партии, остри интонации во владината коалиција околу кандидатската поддршка, и насоките на чие конто да завршат гласовите. Во ек на кампања, опозициската СДСМ најавува кадровски промени во раководството. А синоќа истече пријавувањето на болни и немоќни лица за гласање, уште два дена до крајниот рок да се пријават своето демократско право на глас да го искористат и лицата од затворите.
Во првиот круг завршија изборите во 43 општини.
