Ризик од епидемија од кризната состојба со сметот
Сметот исчистен во најголем дел од општините по вчерашната акција, но сликата по главните улици и булевари не е идентична како во споредните. Таму сè уште има полни контејнери. Дождот дополнително ја комплицира состојбата со ширење на заразата, како последица од долготрајната изложеност на отпадот и распаѓањето органски материи. Децата ранлива група...

Дождот ја усложнува ситуацијата, и да немаат контакт со сметот, газат на местата каде беше наталожен и граѓаните го внесуваат дома. Пред прагот на секое училиште ќе бидат поставени дезинфекциони бариери, мерка на Институтот за јавно здравје. Децата се најранливата категорија нивниот имунолошки систем е во развој, ризикот на изложеност поголем, при игра се во контакт со загадената почва, ако се инфицираат, може да дојде до тешка клиничка слика, вели епидемиологот Даниловски.
Препораките до граѓаните се да го селектираат ѓубрето, да избегнуваат контакт со расфрланиот смет, а локалните власти задолжително да ги мијат улиците.
Истражните органи сè уште испитуваат кривично дело за постапување со отпадот, обвинителството ја чешла документацијата во „Комунална хигиена“. Јавноста чека детали, но стравува по комуналната криза.
Александра Спировска
