Металург тргна со победа во Сеха
Металург ја отвори новата сезона со триумф во Сеха лигата. Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје совладан е Татран со 34-28.
Нашиот шампион му се реваншираше на словачкиот првак за двата пораза лани во оваа конкуренција и зголеми на 4-2 во меѓусебните дуели.
Избраниците на Лино Червар со повратникот Наумче Мојсоски во стартниот состав одиграа одлични воведни 16 минути во кои беспрекорно функционираше се. Од гранитната одбрана до ефикасниот и рационален напад.

Тоа резултираше со максимална позитива од 9-4, но продолжението им припадна на гостите кои стрпливо наметнаа своја ритам и со серија од 6-1 влегоа во рамноправна игра и полувреме од 14-14.
Во вториот дел Металург ги преслика почетните 16 минути и остана во триумфален ритам. Функционираше беспрекорно предводен од голманот Коциќ кој нанижа 10 одбрани. Одбраната беше непробојна, нападот и контрите убиствени, бековите прецизни.
Резултатската нишалка плус два – плус три, од 24-21 нашиот тим ја претвори во максимални 29-24 во 52-та минута кога стана јасно кој ќе биде победникот.
Новаците Липовина и Марсениќ беа најефикасни со по 5 гола, на 4 застана Вугринец. Гостите за утеха го имаа најефикасниот на дуелот, Кристопанс со 8 гола.