Локални избори 2025

Кандидатот на ВЛЕН на граѓаните им понуди програма за развој на Брвеница

26.10.2025 18:15

Кандидатот на коалицијата „ВЛЕН“ за градоначалник на општина Брвеница на граѓаните им нуди програма со работа во интерес на општината и инвестирање на дијаспората во развојот...

Кандидатот на коалицијата „ВЛЕН“ за градоначалник на Брвеница, Хаќим Рамадани ветува дека ќе има рамномерен развој во сите населени места во општината, врз основа на приоритетите и бројот на жителите, зашто ова не е привилегија, туку голема одговорност и гласот е аманет.

Потенцира дека улогата на дијаспората е голема која постојано инвестира во татковината.

Кампањата ја продолжуваат и другите кандидати на коалицијата „ВЛЕН“, во Тетово, Дебар и Долнени.

 

Елизабета Митреска