Кандидатот Јакимовски ветува субвенции за Карпош
За средношколците субвенции за возачки дозволи, за граѓаните во колективните станбени домувања пак, средства за промена на азбестни кровови и лифтови, најави кандидатот за градоначалник од коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски.

Најбитниот проект, вели Јакимовски, корисен за граѓаните ќе бидат курсевите преку кои ќе се совладува електронското банкарство.
Обуките со граѓаните ќе ги одржуваат стручни лица од банките во училиштата во општината, кои се инфраструктурно опремени, вели Јакимовски.
Кристина Талеска-Големтеова