Изборите, тест за партиски ресет и нов политички курс
Изборните комбинаторики на чие конто ќе завршат гласовите во вториот круг ја подгреваат изборната сцена, но на тест го ставаат и односот во коалициските кругови. Дали ќе има реконструкција на владата, премиерот не открива, одговор ќе има по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во декември – рече Мицкоски. Како ресет ќе следува по изборите, детали од владејачката партија нема, но опозициската се изјасни ќе интервенира со кадровски промени во раководната структура...

Работа на опозицијата е да бара предвремени избори, но и да ги добие – ќе ги изгуби, одговори премиерот Мицкоски на се погласните повици за ново одмерување на силите за пратенички мандати. Сега за сега е извесно – парламентарни избори нема да има, но дали ќе има реконструкција на Владата ќе се знае по партискиот конгрес.
И додека власта калкулира за можни интервенции во министерските ресори, во опозициската СДСМ се најавуваат кадровски промени. Чии партиски фотелји се нишаат, засега Филипче не открива, но вели дека наредниве денови работите ќе бидат појасни.
Иако парламентарни избори не се очекуваат во скоро време, партиите остануваат активни на локално ниво, каде нивните каравани ги обиколуваат општините, во пресрет на гласањето закажано за 2 ноември.
Анита Димитријевска-Велковска
