Локални избори 2025

Активности на партиите од владејачката коалиција

26.10.2025 17:25

Секој кој зборува за иднината на Македонија е добредојден соговорник, а оној што зборува за етнички поделби не и мисли добро на ниту еден Македонец ниту Албанец, порака за поддршка без разлика на етничка, верска и политичка припадност испрати лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски од Брвеница. Според кандидатот за скопски Карпош Лукровски општината е заробена од приватни интереси, треба да добие нов лик. Претендентот за скопски градоначалник Георгиевски, потпиша декларација за поддршка во Шуто Оризари

Општина Карпош е заробена од приватни интереси кои ги претвориле зелените површини во градилишта, тоа мора да стане минато, рече кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски. Според него, Општината треба да добие нов лик, односно современо место за живеење и во интерес на граѓаните. Тој нагласи дека токму актуелното раководство го уништило ликот на општината со спорни урбанистички планови. Лукровски додаде дека „Карпош не е ничија приватна фирма, туку општина на граѓаните“, и најави дека тоа ќе стане реалност штом ја преземе функцијата градоначалник.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, од Карпош рече дека сите заедно ќе го направиме Скопје урбано место за живеење. Според него, градот ќе стане позелен, почист и поурбан, со современи решенија што ќе го вратат чувството дека главниот град има вистински јавен простор за одмор и заедништво. Кампањата за Скопје е силно зацврстена околу екологијата, чистотата и сообраќајниот хаос, со кој се соочуваат граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од скопски Карпош испрати порака дека неговата лична поддршка и поддршката на Владата ја имаат сите оние кои работат на иднината на заедничката државата. Тој рече дека бетонизацијата на Карпош не смее да продолжи.

Од ВМРО-ДПМНЕ повикаа на 2-ри ноември масовно да се излезе на гласање. Потребна е мобилизација на секој гласач, велат од партијата, убедени дека најголемото мнозинство граѓани в недела ќе излезе на избори и ќе даде поддршка за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

.

Борис Грујоски