ухмр

Македонија зафатена од поројни дождови

27.10.2025 08:13

Под влијание на циклонска активност, целата земја зафатена од поројни дождови, а на места и со силен ветер. Денеска најобилни врнежи се очекуваат во западните предели, каде локално ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен...

Под влијание на циклонска активност, целата земја зафатена од поројни дождови, а на места и со силен ветер. Денеска најобилни врнежи се очекуваат во западните предели, каде локално ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен. Ветровите ќе дуваат од јужен и од југозападен правец, и повремено ќе достигнуваат брзина до 90 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од Центарот за управување со кризи велат дека состојбата е мирна и нема поплави, освен во Гостивар и во Тетово, каде што има неколку преполнети шахти и поголемо количество вода во некои населби.

Стабилизација се најавува од среда, но со пониски температури, особено наутро.