Во Скопје воздухот и трипати позагаден
Бремени жени денеска ретко можеше да се видат низ скопските улици. Полицајците шетааа со заштитни маски. Граѓаните најчесто како заштита ги користат своите шалови. Владините препораки генерално се почитуваат. Сепак, инспекторатот на терен откри дека во 19 градежни фирми работниците биле ангажирани од раните утрински часови. Големите фабрики се придржуваат до мерките за намалување на штетните честички во воздухот.

-Мерките од големите капацитети се почитуваат како во четирите градови каде загаденоста на воздухот е голема, така и во останатите градови во земјава каде превентивно извршивме мерења рече Фируз Мемед директор на инспекторатот за животна средина
Воздухот во Скопје се уште е загаден, концентрацијата на штетните честички останува за три до четири ати повисока од дозволените параметри.
Граѓаните да обрнат поголемо внимание, ако можат да го користат јавниот превоз, да не се возат сами во автомобилите, да не користат за огрев материјали кои испуштаат штетни материи изјави Анета Стефановска раководител на мониторингот за квалитет на воздухот.
Граѓаните денеска брзаа да ги завршат работните обврски и помалку време да минуваат надвор. Нивните шалови беа главната заштита од ПМ10 честичките.Во следните денови инспекциите ќе продолжат со контролите, препораките треба да се почитуваат без исклучок.Казните се движат и до 8000 евра.
Миле А. Ристески