Измени на програмата за рурален развој

01.09.2014 09:42

Ќе се зголеми финансирањето за изградба на брани и чистење на каналската мрежа. Во програмата за руралниот развој се подготвуваат и други измени во распределбата на средствата за проектите...

Се зголемува финаснсиската подршка за одржување и изградба на хидромелиоративните системи. Со измените на Програмата за рурален развој се планираат 9 милиони евра за капитални објекти. За браните на Оризарска 65 и 30 милиони денари за Маркова река, a за хидросистемите Равен Речица 20 и за Стрежево 10 милиони денари.
 
Годинава ќе се чистат и 140 километри од постојната каналска мрежа за наводнување и одводнување што е повеќе од ланските 117 километри.
 
Работите почнуваат во септември и октомври за што се издвоени 80 милиони денари.
 
Во Македонија има 1.400 километри каналска мрежа која интензивно се одржува од 2006-тата година и досега се завршени 400 километри.
 
 
 
Методија Трајков