Уште пет дена кампања за вториот круг
Партиите и кандидатите продолжуваат со мини-митинзи и средби со граѓани. Се погласни стануваат и препукувањата меѓу противкандидатите, но и ставовите на лидерите на политичките партии...

Уште пет дена предизборна кампања, пред гласањето в недела на вториот круг од локалните избори. Партиите и кандидатите продолжуваат со мини-митинзи и средби со граѓани. Се погласни стануваат и препукувањата меѓу противкандидатите, но и ставовите на лидерите на политичките партии.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, и вечер на средби со граѓани и со мини-митинзи. И опозициската СДСМ и коалицијата продолжуваат со претставувањето на своите кандидати во општините каде што се борат во вториот круг.
Своите програми ќе ги претстават и кандидатите за градоначалници од албанскиот политички блок, од помалите партии, но и независните.
