На автопатот Скопје-Велес поради одрон, сообраќајот се одвива по десната коловозна лента
На автопатот Скопје-Велес после патарина Сопот пред тунелите кај Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
На автопатот Скопје-Велес после патарина Сопот пред тунелите кај Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
