Авиосообраќај

11 нови директни авиолинии од македонските аеродроми

27.10.2025 10:38

Со зимскиот ред на летање од македонските аеродроми и нови 11 рути. Директна врска ќе има до шведската престолнина. На листата директни авиолинии и Стокхолм, Штутгард, Бари, Ларнака-Кипар.

Од денес со зимскиот ред на летање од македонските аеродроми и нови 11 рути. Директна врска ќе има до шведската престолнина. На листата директни авиолинии и Стокхолм, Штутгард, Бари, Ларнака-Кипар.

Од трети ноември од Скопје директна авио врска и со Женева, една од позначајните деловни дестинации, а од метрополата воздушно и до Мадрид.

Од втората недела на декември и до Прага и Келн. Од Охридскиот аеродром пак директен лет до Базел битна релација за туристи од Швајцарија и Франција.