воен конфликт

Продолжуваат нападите меѓу Киев и Москва

27.10.2025 09:11

Руските сили собориле 34 украински беспилотни летала од вкупно 194...

Украина одново ја нападна Московската област со дронови. Руските сили собориле 34 украински беспилотни летала од вкупно 194. Аеродромите Домодедово и Жуковски привремено ги прекинаа операциите поради заканата. За да може светот да разговара со Русија од позиција на сила, ние во Украина мора да бидеме во силна позиција, став на претседателот Зеленски.

„Само за оваа една недела, Русите употребија речиси 1.200 ударни беспилотни летала и веќе 50 ракети од различни видови против Украина – повеќето од нив балистички. Заштитата од таква закана може да биде само заеднички напор – ниедна нација во светот не треба да биде оставена сама против таква закана“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Викендов, Русија изврши масовен напад во главниот град на Украина со беспилотни летала, при што загинаа три лица, а најмалку 29 беа ранети, вклучувајќи седум деца, во вториот последователен ноќен напад врз Киев.