Образование

Почнува новата учебна година

01.09.2014 10:00

Првиот час ќе почне со миење раце- превентивна мерка за заштита од епидемијата на жолтица која се појави во неколку општини

Заврши летниот распуст. Учениците се вратија во училишните клупи. За околу 280.000 основци и средношколци денеска почнува новата 2014/2015 година. За прв пат на школо тргнаа и 20.000 првачиња.

Првиот час ќе почне со миење раце. Ова се дел од превентивните мерки на надлежните за заштита од епидемијата на жолтица која се појави во неколку општини.

Се е подготвено за успешен старт на учебната година, уверува и министерот за образование, Абдулаќим Адеми. Презмени се сите превентивни мерки против ширење на жолтицата.