Синер победник на турнирот во Виена
27.10.2025 09:03
Финалниот меч траеше 2 часа и 30 минути, а присутната публика можеше да ужива во добриот тенис.
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на АТП турнирот во Виена. Тој во финалето го совлада Александар Зверев од Германија со 2:1 во сетови (3:6; 6:3 и 7:5).
Синер до победата стигна со пресврт и пред сè со подобра игра во вториот и третиот сет.
За Синер ова беше четврта титула сезонава, а вкупно 22.ра во кариерата.
Синер веќе најави дека до крајот на годината ќе ја пропушти завршницата во Дејвис купот, но сепак ќе се појави на завршницата на Мастерсот во Торино.
Фото/ Извор: МИА
