БЛИСКИ ИСТОК
Хамас ја прошири потрагата по останките на заложници во Појасот Газа
27.10.2025 09:45
Според прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД, кој стапи на сила на 10 октомври, се очекува Хамас да ги врати останките на сите израелски заложници што е можно поскоро...

Хамас ја прошири потрагата по останките на заложници во Појасот Газа, еден ден откако Египет распореди тим експерти и тешка опрема за да помогне во нивното извлекување. Според прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД, кој стапи на сила на 10-ти октомври, се очекува Хамас да ги врати останките на сите израелски заложници што е можно поскоро. Израел се согласи да врати 15 тела на Палестинци за секое од нив.
Хамас ги врати телата на 15 заложници, но не предаде ниту еден пет дена.
