Тркалезна маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“
Тркалезна маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“, ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Северна Македонија, со учество на креаторите на политики, експерти и бизнис-лидери од Западен Балкан.

Настанот е во организација на Women on Boards Adria (WOBA) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). Воведни обраќања ќе имаат Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ во државава, Билјана Брејтвејт, претседателка на WOBA, евроамбасадорот Михаилис Рокас, како и Тања Михајловска Димитриевска, главна амбасадорка на WOBA за Северна Македонија.