МВР

Лишен од слобода скопјанец кој синоќа пукаше со пиштол во Чаир

27.10.2025 11:28

Полициски службеници единицата за Интервентна полиција од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т.(30) од Скопје. Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање...

Синоќа околу 20 часот на ул. „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници единицата за Интервентна полиција од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т.(30) од Скопје. Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот.

По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл. 396 од КЗ.