Аргентина

Хавиер Милеј победник на изборите во Аргентина

27.10.2025 11:04

Со историски ниска излезност и покрај задолжителното гласање, само 66 насто од гласачите излегоа на конгресните избори во Аргентина...

Со историски ниска излезност и покрај задолжителното гласање, само 66 насто од гласачите излегоа на конгресните избори во Аргентина.

И покрај корупцискиот скандал и слабата економија, ултралибералниот претседател, Хавиер Милеи, извојува победа. Неговата партија „Напредок на слободата“, освои повеќе од 40 проценти од гласовите. Опозициската партија од левиот центар, доби околу 24 насто од гласовите.

Милеи досега немаше свое мнозинство во Домот на пратениците или во Сенатот, со што амбициозната реформска е во застој. Претседателот вети продолжување на реформите, раздвижување на економијата и намалување на инфлацијата.