НБА
Лука Дончиќ надвор од теренот најмалку една недела, проблеми и со Леброн Џејмс
27.10.2025 09:37
Словенечкиот ас сигурно ќе ги пропушти следните четири натпревари на Лејкерс – против Сакраменто, Портланд, Минесота и Мемфис.
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе паузира најмалку една недела поради истегнување на прстот на левата рака и повреда на долниот дел од левата нога, пренесуваат американските медиуми.
Словенечкиот ас сигурно ќе ги пропушти следните четири натпревари на Лејкерс – против Сакраменто, Портланд, Минесота и Мемфис.
Дополнителен удар за тимот е и отсуството на Леброн Џејмс, кој сè уште не настапил оваа сезона поради болки во грбот.
Лејкерс во првите две средби од новата сезона имаат една победа и еден пораз, а Дончиќ бележеше импресивни 46 поени, 11,5 скокови и 8,5 асистенции во просек.
