Пуштен во употреба плоштадот „Делфина“ во Влае

01.09.2014 10:18

Во изградба на плоштадот, општината Карпош инвестираше околу 500 илјади евра...

Општина Карпош вчеравечер го пушти во употреба новиот плоштад во Влае, кој зафаќа површина од 6 илјади и 500 квадратни метри. Има фонтана, нова урбана опрема и осветлување, над 10 илјади цветни садници, 20 клупи за седење, детско катче и канти за отпадоци.

Првиот човек на оваа Општина, Стевче Јакимовски рече дека плоштадот има неколку намени: на него граѓаните да се дружат и рекреираат, да се заштити просторот од друг вид урбанизација и изградба на згради, и конечно и поедеднакво важно, да одаде признание и сеќавање на почесната граѓанка на општина Карпош, трикратната светска првенка во маратонско пливање, Атина Бојаџи. Оттаму името на овој плоштад ќе биде „Делфина“ според истоимениот филм посветен токму на оваа легендарна македонска пливачка, рече Јакимовски.

Во изградба на плоштадот, општината Карпош инвестираше околу 500 илјади евра.

На свеченото отворање присуствуваше и вицепемиерот Зоран Ставревски кој соопшти дека централната власт планира да инвестира во нова фекална канализација и водоводна мрежа на неколку улици на територија на општина Карпош.