На Попова Шапка утрово најстудено и со најмногу дожд
Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу дожд во изминатите 24 часа, 86 литри на метар квадратен...

Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу дожд во изминатите 24 часа, 86 литри на метар квадратен.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот измерени се 7 степени во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево, 8 во Струмица, 9 во Берово и Крива Паланка, 10 во Куманово, Тетово, Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Гевгелија, Велес, Штип и Кавадарци, 11 во Прилеп, Претор, Виница во Охрид и 12 во Демир Капија и Битола.
До 8:30 часот наврнале и 57 литри дожд на единица површина во Крива Паланка, 55 во Маврови Анови, 43 во Лазарополе и Тетово, 38 во Куманово, 37 во Скопје – Петровец, 33 во Скопје – Зајчев Рид, 31 во Ѓуриште, 28 во Виница, 21 во Велес, 20 во Штип и Крушево, 9 во Кавадарци, 8 во Прилеп, 7 во Демир Капија, 6 во Берово и Битола, 5 во Претор, 4 во Гевгелија и 2 во Струмица.
