МВР

Лишено од слобода лице од Скопје, признал две разбојништва во филијали за брзи кредити

27.10.2025 14:53

Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена...

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.

Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена, соопштуваат од МВР.