Дербито Шкендија – Вардар го затвора 10. коло во ПМФЛ
Актуелниот шампион Шкендија влегува во дуелот со голема самодоверба по историскиот триумф над Шелбурн во Конференциската лига и со цел да го искористи поразот на Струга од АП Брера за да го преземе врвот на табелата.

Со дербито меѓу Шкендија и Вардар денеска ќе биде комплетирано 10. коло во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот ќе се игра од 13:30 часот на Градскиот стадион во Тетово.
Актуелниот шампион Шкендија влегува во дуелот со голема самодоверба по историскиот триумф над Шелбурн во Конференциската лига и со цел да го искористи поразот на Струга од АП Брера за да го преземе врвот на табелата.
Играчот на тетовскиот тим, Арбин Зејнулаи, истакна дека екипата е максимално мотивирана и подготвена за дербито.
„Зад нас е историски натпревар во Европа, но мораме веднаш да се фокусираме на новиот предизвик. Вакви дербија не се играат, туку се добиваат. Шкендија има амбиции за титула и на секој меч мора да одиме на три бода“, изјави Зејнулаи за сајтот на ФФМ.
По девет одиграни кола, Шкендија е четвртопласирана со 21 бод, исто колку и Вардар на второто место, додека лидерот Струга има два повеќе.
Фото: ФФМ
