Активности на кандидатот Мециновиќ од „Левица“
Расте поддршката за „Левица“ пред вториот круг од локалните избори, изјави кандидатот на оваа партија за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ. Тој најави проекти за поубав град, но и поддршка за младите за нивно поголемо учество во креирањето на културата во градот...

Изборот во Скопје е избор на демократија, не на функција, а вториот круг не е натпревар меѓу двајца кандидати, туку избор меѓу старото и новото, меѓу статус – квото и визијата за едно поубаво место за живеење, смета кандидатот за градоначалник на метрополата од „Левица“, Амар Мециновиќ.
Покрај проектите за поубав град, Мециновиќ најави и поддршка за младите и за нивно поголемо учество во креирањето на културата во градот. Тој има и идеја за нов фестивал.
Мециновиќ истакна дека „Левица“ бележи значителен раст на поддршката по првиот изборен круг, и дека левиот гласачки спектар, цврсто се обединува околу нивната програма. Тој очекува зголемување на поддршката во вториот круг, особено од независните и нивните поддржувачи.
Наташа Гркова-Петрушевска
