45 државјани на Турција и Азербејџан, приведени во голема полициска акција во Подгорица
Рацијата следува откако група турски државјани вчера по полноќ нападнаа група жители на Подгорица во близина на угостителски објект. Во насилствата едно лице се здобило со убодни рани...

Во Подгорица се приведени 45 лица, државјани на Турција и Азербејџан во голема полициска акција. Осуммина странци се протерани од Црна Гора, а на седуммина им биле изречени прекршочни налози за кршење на Законот за странци.
Рацијата следува откако група турски државјани вчера по полноќ нападнаа група жители на Подгорица во близина на угостителски објект. Во насилствата едно лице се здобило со убодни рани. За нападот се уапсени двајца државјани од Азербејџан и Турција.
Се товарат за насилничко однесување. Црногорската полиција ги повика граѓаните да останат достоинствени и да не подлегнуваат повиците за линч.
