Над 150 мигранти од Сирија пронајдени во товарен воз во Велес

01.09.2014 10:21

Според првичните информации, тие биле скриени во вагони, со кои се превезувал јаглен за кавадаречки „Фени“...

Над 150 мигранти од Сирија синоќа се пронајдени во товарен воз на Македонски железници на станицата во Велес.

Според првичните информации, тие биле скриени во вагони, со кои се превезувал јаглен за кавадаречки „Фени“.

Меѓу бегалците имало и жени, и деца на возраст од 15 -16 години. Од  Железничката станица ги презеле припадниците на полицијата од Велес.