Затворска казна за родителот кој нападна фудбалери
Штипскиот суд ја донесе пресудата, со која Авни Абгулиј од Скопје е прогласен за виновен за насилство. Тој има право на жалба до апелација.

Единаесет месеци затворска казна за 43-годишниот родител, кој на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“ нападна двајца 15-годишни фудбалери.
Штипскиот суд ја донесе пресудата, со која Авни Абгулиј од Скопје е прогласен за виновен за насилство. Тој има право на жалба до апелација.
Инцидентот се случи на игралиштето „Бело брдо“ во Штип на 24-ти август при крај на натпреварот, кога судијата му додели втор жолт картон на синот на сега осудениот во прв степен, кој играл за „Шкупи“, а овој незадоволен од одлуката почнал да ги тепа двајцата млади фудбалери, родени 2010 година, играчи на „Брегалница“.
