Тројца повредени во вооружен напад во Арачиново

01.09.2014 10:25

Од МВР потврдуваат дека анонимен граѓанин случајот го пријавил како убиство...

Тројца повредени во оружена престрелка во Арачиново што се случила вчера попладне,  по 17 часот. Повредените со прострелни рани биле пренесени во Ургентниот центар.

Неофицијално, во жената и во нејзините двајца синови било пукано од возило во движење, а според овие првични и неофицијални информации, жената имала повреди на бутната коска.

Едниот син бил застрелан во главата, а другиот во градниот кош.

Од МВР потврдуваат дека анонимен граѓанин случајот го пријавил како убиство.